10 февруари 2026
• од Станча Јаќимовски
Денес се празнува споменот на Преподобен Ефрем Сирин, еден од најголемите духовни учители на Истокот и непресушен извор на молитвена мудрост за христијанскиот свет.
Роден во Сирија од сиромашни родители, во времето на царот Константин Велики, Ефрем ја поминал младоста бурно и немирно. Но во еден пресуден миг, во неговата душа се случил длабок пресврт. Срцето му се распламтело со љубов кон Господа Исуса Христа, а животот целосно го посветил на духовното усовршување и служењето на Бога.
Ефрем бил ученик на свети Јаков Нисибиски, од кого примил силна духовна насока и цврста вера. Од неговата уста, поради големата Божја благодат, извирала мудрост „како меден поток“, а очите му биле постојано навлажнети од солзи на покајание. Трудољубив како пчела, тој непрестајно пишувал книги, ги поучувал монасите во манастирите и народот во градот Едеса, или пак се повлекувал во тишина за молитва и богомислие.
Неговото книжевно и духовно наследство е огромно. Молитвите му се длабоки и поетични, а списи исполнети со смирение и повик кон внатрешна преобразба. Најпозната меѓу нив е молитвата за Чесниот Пост: „Господи и Владико на мојот живот“, која и денес се чита и доживува како силен повик кон покајание и духовна будност.
Кога сакале насила да го постават за епископ, Ефрем, во својата крајна смиреност, се преправал дека е луд – трчал низ улиците на Едеса, влечејќи ја облеката по земја. Гледајќи го тоа, луѓето се откажале од својата намера и го оставиле на мира, а тој продолжил тивко да му служи на Бога.
Бил современик и пријател на свети Василиј Велики, со кого делел иста ревност за чистотата на верата и длабочината на духовниот живот. Преподобен Ефрем Сирин со право е наречен апостол на покајанието – неговите зборови и денес ги омекнуваат срцата закоравени во грев и ги враќаат луѓето кон Христа.
Се упокоил во длабока старост, во 378 година, оставајќи зад себе светлина што и по векови не згаснува, туку продолжува да го осветлува патот на оние што ја бараат вистинската духовна преобразба.
„Пратениците нека дојдат и пешки – Собранието утре ќе работи“, порача Гаши
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

