30 јануари 2026
• од Гоце Кически
Со последната изјава на премиерот Христијан Мицкоски дека нема да има уставни измени додека Бугарија не ги исполни неговите услови, стана јасно дека Владата свесно го блокира европскиот процес. Ова повеќе не е прашање на патриотизам или преговори, туку на политичка одлука да не се продолжи кон членство во Европската Унија.
Она што премиерот го премолчува е дека овие услови не можат да се договорат повторно, ниту да се наметнат. Преговарачката рамка со ЕУ веќе е усвоена од сите земји членки и од Северна Македонија. Таа не може еднострано да се менува, ниту да се условува со нови барања. Европската Унија функционира по јасни правила и тие важат за сите кандидати. Кога една земја ќе ја прифати рамката, единствениот пат напред е нејзина имплементација.
Барањето Бугарија да признае македонско малцинство не е прашање што ЕУ може да го наложи. Тоа е внатрешно прашање на земја членка и не постои механизам со кој Брисел може да ја присили Бугарија на таков чекор. Истото важи и за барањето за трајна забрана на идентитетски дебати или однапред гарантирано немање вето. Во Европската Унија, правото на вето е вградено во системот и никоја држава не може однапред да се откаже од него.
Со други зборови, премиерот поставува услови за кои однапред знае дека не можат да бидат исполнети. Тоа значи дека блокадата не доаѓа од Брисел, ниту од Софија, туку директно од Скопје. Одговорноста е целосно домашна и персонална. Додека се создава впечаток на надворешен притисок, во реалноста станува збор за внатрешно политичко одложување.
Бугарија, како земја членка, веќе прифати европско компромисно решение и овозможи отворање на процесот. Таа јасно порача дека очекува спроведување на договореното, а не нови услови.
Додека другите земји од регионот се движат напред, Северна Македонија стои во место не поради немоќ, туку поради политичка одлука. Ако уставните измени не се случат, процесот ќе остане замрзнат со години. Таа одговорност не може да се префрли на никој друг. Таа е директна последица на изборите и изјавите на премиерот.
Кривична пријава против Марко Беслимовски за штета од над 14 милиони денари
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

