TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 ден
Купи сега
КОЛУМНИ

Кој го организираше ликвидирањето на партизаните во манастирот Прилепец во 1942 година?

19 декември 2025

• од Станча Јаќимовски

Настанот што се случил на 19-20 декември 1942 година во манастирот „Свети Никола“ кај селото Прилепец со децении се прикажува како класична „окупаторска акција“ на бугарската војска. Таквиот поедноставен наратив, создаден по Втората светска војна, ја премолчува суштинската улога на месните луѓе од самата Македонија, кои со своите одлуки, дојави и директно учество ја овозможиле трагедијата. Архивските документи, сведоштвата и службените заповеди од 1942 и 1943 година даваат поинаква, посложена и многу понепријатна слика.

Во средината на декември 1942 година, група од дванаесет партизани од Велешко-прилепскиот партизански одред „Димитар Влахов“, познати и како групата „Ѓорче Петров“, се засолнуваат во манастирот „Свети Никола“. Манастирот не бил изолиран воен објект, туку жив духовен центар, длабоко вкоренет во локалната средина и постојано во контакт со населението од Прилепец, Лагово, Чумово и околните села. Токму таа блискост со локалната заедница се покажала како кобна.

Манастирот во тоа време го опслужувал свештеникот Филип Иванов Шековски, роден на 23 октомври 1901 година во демирхисарското село Железнец, во срцето на Македонија. Потекнувал од локално семејство и добро ги познавал луѓето и односите во регионот. Во 1927 година заминал во Бугарија, каде станал игумен на Илијанскиот манастир „Свети Илија“, а по 1941 година се вратил во Вардарска Македонија и служел во манастирот кај Прилепец. Тој не бил случаен сведок, туку духовно лице со авторитет и влијание.

Според неговата сопствена изјава дадена по војната, Шековски ги препознал дојдените лица како партизани и бил предупреден да не известува никого. Сепак, тој донел лична одлука да го напушти манастирот под изговор за верски обред и погреб. Наместо директно да се обрати до војската, се упатил во Старо Лагово, каде што ја пренел информацијата до кметот Илија Костов Лештаров.

Лештаров бил човек од истата средина – роден во Охрид, кмет на Старо Лагово од 1941 до 1943 година. Тој не бил пасивен администратор, туку активно ја презел иницијативата. Документите покажуваат дека токму преку него локалната дојава се претворила во конкретна безбедносна акција. Лештаров не само што ја известил власта во Прилеп, туку и лично учествувал во престрелката, за што подоцна добил официјална пофалба со заповед од 23 декември 1942 година.

Во акцијата кај манастирот не учествувала само војската, туку широка мрежа на месни луѓе: кметови, кметски намесници, општински службеници, полициски стражари, разузнавачи, земјоделци и поранешни револуционери. Посебно значајна е улогата на поранешните војводи на ВМРО, луѓе со долгогодишно револуционерно и вооружено искуство.

Меѓу нив бил Димо Петров Талев, поранешен војвода на ВМРО, родум од селото Чумово, кој по активната дејност живеел како земјоделец, но во декември 1942 година повторно се појавува како учесник во вооружена акција. Неговото име се наоѓа меѓу оние што биле службено пофалени за „лично учество“ во судирот кај манастирот.

Исто така, активна улога имале и браќата Атанас Богоев Мицев и Цветан Богоев Мицев, поранешни војводи на ВМРО, родум од селото Прилепец. Како луѓе што потекнувале токму од селото каде што се наоѓа манастирот, тие одлично го познавале теренот, патиштата и движењето околу објектот. Нивното учество дополнително ја нагласува локалната природа на целата операција.

Бугарската војска од прилепскиот гарнизон се вклучила по добиената локална дојава и по активирањето на општинските и полициските структури. Таа дејствувала како извршен орган, но не како иницијатор. Без информацијата од свештеникот, без ангажманот на кметот и без теренската поддршка од месните луѓе, опсадата и судирот не би биле можни во таков обем.

Во судирот на 20 декември 1942 година, девет партизани биле убиени, а тројца успеале да се извлечат. По акцијата, голем број од учесниците – свештеникот, кметот, поранешните војводи и други месни помагачи – биле официјално пофалени со службени заповеди. Овие документи недвосмислено сведочат дека нивната улога била препознаена како клучна.

По 1945 година, настанот добива поинаква интерпретација. Новата власт го гради наративот за „окупаторска репресија“, при што улогата на локалните учесници е потисната. Свештеникот Филип Шековски станува главен виновник и е осуден на смрт во Софија од народниот суд, додека поголем дел од другите месни соработници никогаш не одговараат во Југославија.

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
Последни вести
МАКЕДОНИЈА
25 јуни 2026

Алијанса за Албанците: Таравари бара гаранции за преговори со ЕУ, а не функции и политички пазарења

СВЕТ
25 јуни 2026

Бугарското МНР негира испраќање дипломатска нота за семејството на Мицкоски

МАКЕДОНИЈА
25 јуни 2026

СДСМ: Институциите веднаш да го истражат скандалот со бугарската фирма на Јанушев, на виделина излезе лицемерието на ВМРО-ДПМНЕ

МАКЕДОНИЈА
25 јуни 2026

Петар Богојески: Македонските комунисти организираа пречек на бугарската војска во 1941 по налог на СССР

ДРУГО
25 јуни 2026

Денеска 25 јуни 2026 година се празнува Преподобен Онуфриј Велики: Светителот кој 60 години живеел во пустина

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
СВЕТ
24 јуни 2026

Меѓународна работилница за продуценти и арт менаџери од Бугарија, Северна Македонија ќе се одржи во Софија

СВЕТ
24 јуни 2026

Ученици од 13 држави ќе учествуваат на Европската олимпијада по географија во Варна

СВЕТ
24 јуни 2026

Црноморските пристаништа Варна и Бургас со потенцијал да станат клучни регионални хабови меѓу Европа и Централна Азија

МАКЕДОНИЈА
24 јуни 2026

Општина Центар побара засилена контрола од МВР за заштита на детските игралишта од вандализам

МАКЕДОНИЈА
24 јуни 2026

Фондација Македонија: Дипломатските ноти протекоа од македонското МНР, Скопје игра проѕирни игри

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
МАКЕДОНИЈА
24 јуни 2026

СПРЕЧЕНА МИЛИОНСКА ИЗМАМА: Се обиделе да извлечат над 50 милиони денари од ЕУ преку недовршени објекти

СПОРТ
24 јуни 2026

12-годишен Бугарин постигнува огромни успеси на американските картинг-патеки

МАКЕДОНИЈА
24 јуни 2026

Додека бил во Србија му го ограбиле домот: Боки 13 се огласи, МВР го потврди случајот

СПОРТ
24 јуни 2026

Фантастична Бугарија му се реваншираше на светскиот шампион Италија

МАКЕДОНИЈА
24 јуни 2026

Доцова до Гаши: Преговарачката рамка не се менува, Бугарите во Устав се неопходни за кон ЕУ

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
МАКЕДОНИЈА
24 јуни 2026

ЕКОНОМСКИ КОЛАПС: Македонија незапирливо тоне во должничко ропство – За само три месеци задолжени сме нови 742 милиони евра

СВЕТ
24 јуни 2026

Историски успех: Гимназијалец од Бугарија освои прво место по математика на престижниот Regeneron ISEF

МАКЕДОНИЈА
24 јуни 2026

Муцунски го демантира покојникот: Гоце Делчев не е Бугарин, иако тој самиот така се изјаснувал!

МАКЕДОНИЈА
24 јуни 2026

СУРОВАТА ВИСТИНА ЗА БРАНИТЕЛИТЕ ОД 2001: За нив нема дом, ама за други се дели на диво – инвалид од Арачиново понижуван четврт век

МАКЕДОНИЈА
24 јуни 2026

ДРЖАВА ВО РАСПАД: Змија му го окупираше домот на скопјанец, од 112 му порачаа сам да си бара спас

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
МАКЕДОНИЈА
24 јуни 2026

ДЕМОГРАФСКИ И ОБРАЗОВЕН КОЛАПС: 17.000 ученици исчезнаа, училиштата зјаат празни, а власта слави „реформи“

СВЕТ
24 јуни 2026

Нов логистички центар во Бугарија: Производителот на алатите „Raider“ отвора 100 нови работни места

СВЕТ
24 јуни 2026

Браво за комшиите: Бугарска фирма за струја зема голема награда во Германија!

СВЕТ
24 јуни 2026

Индустријата за безалкохолни пијалаци во Бугарија достигна вредност од половина милијарда евра

СВЕТ
24 јуни 2026

Еди Рама: Албанците од Македонија и Косово не се дијаспора на Албанија на туѓа територија, тие се составен народ во својата земја

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
МАКЕДОНИЈА
24 јуни 2026

СДСМ бара истрага: Јанушев наводно поврзан со фирма во Бугарија, опозицијата прашува дали има непријавен имот

МАКЕДОНИЈА
23 јуни 2026

СДСМ: Владата нема план за економски развој, има план само за трошење и задолжување

СВЕТ
23 јуни 2026

Светски успех за бугарската наука: INSAIT освои престижно признание на конференцијата ICML 2026

TEMU

Реклама

Ненадминливи Понуди Дневно

ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии

4.8 (10276 рецензии)


54 ден

206 ден
73% ПОПУСТ

Заштедете 152.00 ден

Купи сега