23 јуни 2026
• од Темелко Тошев
Алијанса за Албанците (АА) преку писмено соопштение упати остри критики до коалицијата ВЛЕН во врска со реализацијата на Коридорот 8, обвинувајќи ги за присвојување туѓи заслуги и политичка немоќ при носењето на владините одлуки.
„Заменик-министерката за транспорт и врски од ВЛЕН нема ниту политичка, ниту институционална основа да се фали со Коридорот 8. Овој проект не е заслуга на ВЛЕН, ниту е нивно достигнување. Напротив, ВЛЕН ниту се прашува, ниту се консултира за одлуките што ги носи Владата за големите инфраструктурни проекти“, се вели во реакцијата на партијата.
Според АА, граѓаните не се интересираат за дневна пропаганда, туку бараат конкретни одговори за клучните прашања поврзани со автопатот.
Од партијата јавно прашуваат:
Во однос на пренасочувањето на трасата, од Алијанса за Албанците го критикуваат повикувањето на статусот на УНЕСКО како изговор, оценувајќи го како селективен пристап и лицемерие.
„Оправдувањето со УНЕСКО не може да се користи селективно. Не може тоа да биде непремостлива пречка кога станува збор за поврзувањето со Албанија, а да се третира како парче безвредна хартија кога станува збор за илјадници дивоградби и стотици неспроведени решенија за уривање во Охрид, родниот град на Александар Николоски. Ова не е техничко прашање, туку политички двоен стандард“, нагласуваат од АА.
На крајот од своето соопштение, од партијата заклучуваат дека претставниците на ВЛЕН „можат да ги повторуваат изјавите на своите шефови, но граѓаните јасно гледаат дека тие ниту одлучуваат, ниту влијаат, ниту пак го штитат јавниот интерес“.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

