02 март 2026
• од Станча Јаќимовски
Лидерот на Демократска унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, јавно изрази силна и недвосмислена поддршка за политиките и активностите на Соединетите Американски Држави во однос на случувањата поврзани со Иран, нагласувајќи дека станува збор за стратешка и вредносна определба која произлегува од евроатлантската ориентација на државата и албанскиот народ.
Во објава на социјалните мрежи, Ахмети истакна дека во време на сериозни предизвици за меѓународниот поредок и глобалната безбедност, позицијата е јасна – целосна солидарност со САД и со секој напор насочен кон заштита на мирот, стабилноста и безбедноста во светски рамки.
Според него, сојузништвото со САД не претставува само дипломатска ориентација, туку длабоко втемелена стратешка и вредносна определба. Тој подвлече дека изборот да се биде на страната на демократијата, основните слободи, владеењето на правото и меѓународната одговорност е свесна и трајна одлука. Ахмети потсети дека албанскиот народ има историско искуство со американската поддршка во клучни моменти, што дополнително ја зацврстува денешната позиција на партнерство.
Во контекст на тензиите на Блискиот Исток, Ахмети ги оцени како штетни нападите и дестабилизирачките активности на Иран, наведувајќи дека тие ја поткопуваат безбедноста на земјите од Заливот и ја загрозуваат кревката рамнотежа во регионот. Таквите постапки, според него, не придонесуваат ниту за развој, ниту за коегзистенција, ниту за остварување на легитимните аспирации на народите за просперитет.
Тој нагласи дека безбедноста во Персискиот Залив и на Блискиот Исток претставува глобален интерес, особено во однос на слободата на движење, енергетската стабилност, борбата против тероризмот и зачувувањето на меѓународниот поредок. Во таа рамка, улогата на САД, според Ахмети, останува клучна како гарант на рамнотежата и фактор на стабилност.
На крајот, Ахмети повтори дека Албанците недвосмислено го избрале западниот пат и дека се дел од евроатлантската заедница на вредности. Поддршката за САД, како што истакна, е поддршка за побезбеден, поправеден и послободен свет.
ИДФ: Елиминирани лидери на „иранската терористичка оска“ во ескалација на конфликтот
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

