17 април 2026
• од Темелко Тошев
Алијанса за Албанците (АА) категорично го отфрла новиот предлог-закон за високо образование. Овој закон не претставува реформа, туку отвора пат за нови директни удари врз албанските универзитети во земјава. Наместо развој, овој закон нуди неправда, политички калкулации и строга контрола.
Од партијата се децидни: овој предлог-закон ги погодува клучните столбови на образованието – финансирањето, работните места, докторските студии и меритократијата.
Алијанса за Албанците ги истакнува следните точки како неспорни за заштита на достоинството на албанските студенти и кадар:
Пратениците на Алијанса за Албанците нема да го поддржат овој закон во ваква форма. Упатуваме јасен повику до секој пратеник Албанец: Не станувајте дел од закон кој им штети на нашите универзитети и ја загрозува академската иднина на Албанците.
„Размислете како ќе ги погледнете во очи студентите, професорите и нивните семејства откако ќе го кренете гласот за ваква неправда. Ако не сте сигурни што гласате, прашајте го професорскиот кадар и студентите – тие ќе ви ја кажат вистината.“
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

