16 април 2026
• од Темелко Тошев
Директорот на „Македонска пошта“, Орхан Куртеши, најави крај на практиката на фиктивни вработувања во оваа државна компанија. Според неговите изјави, преземени се конкретни мерки за расчистување со вработените кои со години земале плата без да се појават на своите работни места.
Куртеши појасни дека веднаш по стапувањето на функцијата била направена детална анализа на состојбата, при што биле детектирани бројни нерегуларности.
„Кога дојдовме на функцијата, ја скениравме ситуацијата и имаше такви луѓе. Од преземените мерки некои почнаа да доаѓаат на работа, а некои ги избркавме. Во Пошта полека го чистиме тој дел,“ изјави Куртеши.
Тој децидно порача дека новата владина политика нема да толерира злоупотреба на државниот буџет и дека праксата на „седење дома и земање плата“ веќе не е опција.
Изјавата на директорот беше дадена за време на официјалната презентација на новиот возен парк на претпријатието. Со цел подобрување на услугите и враќање на довербата кај граѓаните, „Македонска пошта“ набави:
Со воведувањето на новите возила и воспоставувањето на поголема дисциплина меѓу вработените, од менаџментот на компанијата очекуваат значително кратење на времето за испорака на пратките. Ова е дел од пошироката стратегија за консолидација на „Македонска пошта“, која со години се соочуваше со загуби и неажурност.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

