14 април 2026
• од Станча Јаќимовски
Регулаторната комисија за енергетика во секој момент треба да ги објави новите цени на горивата по кои тие од полноќ ќе се точат на бензинските пумпи низ Македонија. Имајќи ја предвид прес-конференцијата на премиерот од минатиот викенд, овојпат нема голема неизвесност околу новите износи.
Според најавите, од полноќ се очекува пад на цените на сите нафтени деривати. Дизелот се очекува да поевтини за 2,5 денари по литар, додека цената на бензините ќе се намали за околу 1,5 денари.
Очекувани цени по литар:
Забелешка: Во овие цени не се пресметани лојалните попусти кои повеќето бензински пумпи ги нудат (2 денари за бензин и 3 денари за дизел).
Премиерот појасни дека ваквото намалување се базира на детални анализи на движењето на цените на нафтата на светските берзи, како и на владините мерки за заштита на стандардот на граѓаните.
Утрово цената на суровата нафта на светските берзи повторно се врати на нивото под 100 долари за барел, при што јунските испораки се тргуваа за околу 98 долари, што е клучен сигнал за стабилизација.
Со цел да се одржи ценовната стабилност, најавено е продолжување на постојните мерки:
Официјалната одлука на РКЕ се очекува да биде објавена во текот на попладнето.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

