15 април 2026
• од Гоце Кически
Бугарскиот телеграм канал „De re Militari“ објави дека новоформираната организација „Харакат Асхаб ал-Јамин ал-Исламија“ (HAYI) е под сериозна истрага поради сомнежи за поврзаност со Иран и вмешаност во серија антисемитски напади низ Европа.
Според информациите, групата презела одговорност за повеќе инциденти во текот на март и април, меѓу кои и палењето на синагога и центар на еврејската заедница во Скопје. Нападот во главниот град на Северна Македонија се случил за време на велигденскиот викенд, кога биле таргетирани верски и заеднички објекти.
„Харакат Асхаб ал-Јамин“ се појавила на почетокот на март и претходно не била регистрирана во безбедносните извештаи. Аналитичарите сметаат дека станува збор за т.н. „прикривачка група“, која функционира како параван зад кој може да стојат други структури. Според истите извори, во одредени случаи групата ангажира локални криминални лица или мрежи поврзани со проирански организации за извршување на палежи, вандализам и други насилни акции.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

