11 февруари 2026
• од Станча Јаќимовски
Синоќа околу 23 часот, во преполн автобус на линијата 23 во Скопје, девојка се здобила со повреди откако возачот нагло закочил на семафор. Според сведочење на очевидец, поради ненадејното кочење околу 20 патници биле оттурнати од задниот кон предниот дел на автобусот, при што дел од нив паднале на подот, а биле откорнати и неколку држачи во возилото.
Во настанатиот хаос се слушале плачење и повици за помош, а повеќе лица се пожалиле на болки и повреди. Очевидецот тврди дека и покрај тоа што едно лице лежело повредено, возачот продолжил со возењето.
Според граѓанинот, ова не е изолиран случај. Тој посочува дека слична ситуација се случила пред околу еден месец во Автокоманда, по што упатува апел до надлежните институции да преземат мерки за подобрување на безбедноста во јавниот превоз.
Се бара засилена контрола врз тоа кој управува со автобусите, дали возачите имаат соодветно искуство и обука, како и дали возилата се технички исправни. Дополнително, се укажува на несоодветно однесување на дел од возачите.
„Возачите застануваат кога сакаат и каде сакаат, многумина користат мобилен телефон или цигара и повеќе се расправаат со патници отколку што го следат сообраќајот“, наведува очевидецот, додавајќи дека понекогаш има и агресивни реакции во врска со прекршувања поврзани со новите правила на „Сејф Сити“.
Граѓаните апелираат на зголемена внимателност при користење на јавниот превоз, особено во преполни автобуси, и потенцираат дека и најмало невнимание може да резултира со сериозни телесни повреди.
Џорџа Мелони им оддаде почит на илјадниците Италијанци убиени од режимот на Тито
Филипче: Врв на безобразие – нема пари за плати, а има за нов владин авион
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

