македонија11 септември 2024 ДЗР: Континуирано се кратат парите за судската власт, отсуствуваат одредби за утврдување на платите
Континуирано кратење на парите за судската власт спротивно на законот, отсуството на одредби за утврдување на платите на вработените во судовите кои вршат технички и помошни работи, непостоење пропишана форма и содржина за водење на судски депозити и неусогласеност во законската и подзаконската регулатива во дефинирањето на сопственоста на застарените депонирани предмети по истекот на десет години од нивното предавање, се само дел од забелешките што Државниот завод за ревизија ги констатирал во најновиот извештај од извршената ревизија на работата на Основниот граѓански суд Скопје.
Констатирале дека Основниот граѓански суд Скопје има зголемување на бројот на нерешени судски предмети од претходната година, новопримени предмети, решени предмети како и останати нерешени предмети на крај на годината.
Наведуваат дека Основниот граѓански суд Скопје, до ревизијата не доставил соодветна документација со која ќе се потврди колку пари точно чини зградата во која е сместен судот.