28 октомври 2026
• од Стефан Николов
Лидерот на СДСМ Венко Филипче побара исплата на преостанатите субвенции за 2024 и 2025 година, во вкупна вредност од 1,1 милијарда денари, како и поголем интервентен фонд за земјоделските производи. Тој предупреди дека земјоделците се соочуваат со ниски откупни цени и недостиг од купувачи.
Филипче рече дека земјоделците долго чекаат на исплатата на субвенциите, кои им се потребни за да ја планираат следната сезона. Побара и 417 милиони денари за интервентна поддршка на производителите на јаболка, грозје, пченица и пиперки.
Според него, годинава големи количества земјоделски производи останале неоткупени и пропаднале на нивите. Филипче пренесе дека земјоделците стравуваат оти следната година ќе се откажат од производството, бидејќи немаат средства за вложување и не очекуваат подобар однос од власта.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

