28 октомври 2026
• од Стефан Николов
Со ребалансот на Буџетот се намалени дел од средствата од кредитната линија на Европската инвестициска банка наменети за пречистителната станица во Скопје. Министерот за животна средина Муамет Хоџа уверува дека за проектот сепак има обезбедено средства.
„Сите средства што треба да ги уплатиме до крајот на оваа година ги имаме во Министерството, односно во нашиот буџет“, изјави Хоџа, одговарајќи на новинарски прашања по прес-конференција во Владата.
За намалените средства и изјавата на министерот известува „Фокус“.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

