28 октомври 2026
• од Стефан Николов
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, најави амандмани на буџетот со кои бара минималната плата да изнесува 36.000 денари, а надоместокот за студентски оброк да се зголеми од 140 на 200 денари.
Филипче рече дека предлозите се насочени кон подобрување на животниот стандард и поддршка на младите. За Националната стратегија за млади предлага да се издвојат 10 милиони денари, со цел, како што посочи, да им се даде поттик на младите да ја гледаат својата иднина во земјава.
За зголемувањето на студентскиот оброк, според него, во буџетот би биле потребни дополнителни 200 милиони денари. Филипче оцени дека сегашниот износ не е доволен за пристоен оброк и порача дека треба да се води сметка и за квалитетот и здравствената вредност на храната.
СДСМ најавува и амандмани за поддршка на лицата и децата со попреченост, градинките, здравствената заштита, инвестициите во индустријата и Сојузот на борците. Филипче рече дека предлозите ќе ги образложат пред собраниските комисии и во понатамошната постапка во Собранието.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

