македонија07 септември 2024 Гаши: Албанскиот јазик мора да биде еднаков со македонскиот
Во Македонија албанскиот јазик мора да биде целосно еднаков со македонскиот, а Албанците да бидат спокојни. Ова во интервју го порача претседателот на Собранието Африм Гаши.
ко Уставниот суд правилно ги прочита Законот и Уставот ќе се унапреди употребата на албанскиот јазик во Македонија, вели собранискиот спиекр Гаши во интервју за весникот„Лајм“, во пресрет на седницата на Уставен, кој на почетокот на октомври, треба да ги разгледа иницијативите со кои се оспорува уставноста на Законот за употребата на јазиците. Гаши посочува дека не стравува од одлуката на судот и очекува уставните судии да донесат објективна одлука.
„ Уставниот суд постои за да ја оценува уставноста на законите. Ние како Албанци треба да бидеме опуштени, верувам дека петтиот амандман на Уставот, кој беше напишан и договорен со меѓународни експерти по конфликтот и вооружената војна во 2001, секако е добро осмислен, добро анализиран и сите знаеме дека идејата на амандманот беше албанскиот да биде официјален со македонскиот јазик. Јас длабоко верувам дека правилното читање на Уставниот суд ќе ја унапреди употребата на албанскиот јазик на ниво на службен јазик. Идејата на Охридскиот договор беше албанскиот јазик да биде официјален на државно ниво и затоа сум опуштен како ќе се толкува“., посочува Гаши во интервјуто, во кое доадава и дека употреба на албанскиот јазик во земјава не била на посакуваното ниво и дека е потребно целосно изедначување на албанскиот со македонскиот јазик.
Ставот следува по најавата на Судот дека на почетокот на октомври ќе ги испитува иницијативите со кои се оспорува уставноста и законитоста на Законот за употребата на јазиците.