12 февруари 2026
• од Станча Јаќимовски
Лидерот на Движењето Беса, Билал Касами, се огласи во јавноста по реакциите што следеа откако на лидерската средба пристигна со луксузен автомобил „БМВ 7“. По фотографиите што се појавија во медиумите и на социјалните мрежи, дел од јавноста изрази критики поради впечатокот дека користи скапо возило.
Во гостување на телевизијата ТВ21, Касами упати извинување до граѓаните доколку неговото пристигнување со луксузен автомобил предизвикало негативни чувства.
„Доколку тоа кај некого создало лоша перцепција, се извинувам“, изјави тој, нагласувајќи дека нема намера да демонстрира луксуз или привилегираност.
Касами појасни дека автомобилот со кој се појавил на средбата не е негов личен имот. Според неговата изјава, станува збор за возило кое е во сопственост на негов братучед, а кое повремено го користи и партијата.
„Автомобилот со кој дојдов на лидерската средба е на мојот братучед“, истакна тој, додавајќи дека истото возило ѝ стои на располагање и на партијата Движење Беса.
Во интервјуто, Касами изненади со тврдењето дека не поседува личен автомобил. Тој објасни дека за приватни потреби користи возило кое им припаѓа на неговите родители, додека за службени и општински активности се потпира на партиски ресурси.
„Јас лично возам автомобил што припаѓа на моите родители и немам личен автомобил. Дури и во општината го користиме автомобилот на партијата“, изјави Касами.
Тој додаде дека и во минатото бил забележан во скапи автомобили за време на владини и лидерски состаноци, но потенцираше дека нема комплекс во врска со тоа и дека возилата што ги користи не се во негова сопственост.
Со оваа изјава, лидерот на Беса се обиде да ја разјасни ситуацијата и да стави крај на шпекулациите околу неговиот имот и начинот на користење на службени и приватни возила.
Џорџа Мелони им оддаде почит на илјадниците Италијанци убиени од режимот на Тито
Филипче: Врв на безобразие – нема пари за плати, а има за нов владин авион
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

