31 јануари 2026
• од Станча Јаќимовски
Либерално-демократската партија (ЛДП) изрази изненадување од, како што наведуваат, недоволното познавање на правилата и процесите на Европската унија од страна на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски. Реакцијата доаѓа по неговото гостување во емисијата „Тема на денот“, каде што говореше за европската перспектива на државата и актуелните случувања поврзани со протестите на транспортерите.
Според ЛДП, изјавата на Николоски дека новата цел за членство во ЕУ е 2030 година, а дека за влез во Шенген-зоната би биле потребни дополнителни пет години, покажува „елементарно непознавање“ на суштинските разлики меѓу членството во Европската унија и членството во Шенген-зоната.
„Со членство во ЕУ веќе не важи правилото за ограничен престој од 90/180 дена, додека членството во Шенген подразбира укинување на граничните контроли. Дополнително, важно е да се напомене дека една држава може да биде дел од Шенген-зоната и без да биде членка на ЕУ, како што се Швајцарија, Исланд и Лихтенштајн“, потсетуваат од ЛДП.
Од партијата упатија и иронична порака до вицепремиерот и владините функционери, наведувајќи дека би било добро прво да ги совладаат основните разлики меѓу ЕУ и Шенген-зоната, па дури потоа да ги продолжат своите активности во Брисел.
Во соопштението се осврнуваат и на економските последици од неодамнешните блокади, оценувајќи дека Македонија во изминатите денови изгубила милиони евра. Како што наведуваат, иронијата е во тоа што состојбата на крајот била надмината од самите превозници од регионот, кои најавуваат дека транспортот наскоро ќе се нормализира.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

