21 мај 2026
• од Темелко Тошев
Политичката партија Левица денеска упати остри критики до државниот јавен обвинител Ненад Савески, обвинувајќи го за свесно игнорирање на своите законски овластувања во врска со контроверзното затворање на истрагата за случајот „Мазут“. Од партијата прашуваат дали пасивноста на обвинителот е резултат на политички директиви.
„Додека ВМРО-ДПМНЕ одбива да го повика државниот јавен обвинител да постапи по скандалозното затворање на случајот ‘Мазут’, иако претходно Христијан Мицкоски од говорница повикуваше по кои предмети да постапи новиот државен јавен обвинител – за овој случај Ненад Савески одбира да молчи“, стои во партиската реакција на Левица.
Според опозициската партија, иако надлежното Основно јавно обвинителство ја запрело истрагата, Законот за јавно обвинителство јасно му дава механизми на државниот обвинител да реагира. Оттаму посочуваат дека Савески има моќ да побара увид во предметот во оваа фаза за да ја утврди законитоста на постапката, да наложи нови вештачења или да побара прибирање на дополнителни докази.
Левица обвинува дека обвинителството покажува селективна ажурност кога се во прашање политичките интереси на власта, додека за крупниот криминал се преправа дека нема надлежност.
„Сепак, и покрај јасните законски алатки, државниот јавен обвинител воопшто не покажува волја да побара увид во предметот ‘Мазут’, ниту да отвори институционална проверка за начинот на кој е запрена истрагата. Особено загрижува фактот што по именувањето на новиот државен јавен обвинител беа забележани експедитивни кадровски и процесни потези кои одат во прилог на политичките интереси на ВМРО-ДПМНЕ, како што беше случајот со предметот „Талир”. И покрај тоа што има законска обврска и овластувања да побара увид, да наложи дополнителни дејствија и да утврди дали постапката била водена законито, Савески останува пасивен и одбира да глуми ненадлежен“, потенцираат од партијата.
Оттаму директно прашуваат „дали пасивноста на Савески доаѓа после телефонскиот разговор со Мицкоски, каде добил такви насоки?“.
„Ако новиот државен јавен обвинител навистина не постапува по политички и партиски директиви, тогаш Савески треба да ги искористи законските механизми кои му стојат на располагање и да утврди како е затворена истрага за случај во кој државата била оштетена за 169 милиони евра“, децидни се од Левица.
Во фокусот на оваа голема истрага беа спорните тендери за набавка на мазут за потребите на ТЕЦ „Неготино“, преку кои постоеше сомнеж за криминал од над 160 милиони евра.
Во предметот беа инволвирани:
Иако се работеше за една од највредните набавки, Обвинителството неодамна информираше дека главниот дел од случајот се затвора бидејќи не биле утврдени злоупотреби. Единствениот крак од истрагата кој останува активен е оној кој е издвоен во посебен предмет, а се однесува на составот на увезениот мазут и неговото евентуално штетно влијание врз животната средина.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

