21 мај 2026
• од Темелко Тошев
Зијадин Села во своето гостување во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 упати јасен повик до сите албански пратеници во Собранието да не го поддржат новиот Закон за правична и соодветна застапеност.
Запрашан за ставот околу овој закон, Села потенцираше дека постои начин тој да биде стопиран во законодавниот дом, повикувајќи се на правилото за двојно мнозинство.
„Имаме само еден механизам во наши раце за да го блокираме, а тоа е Бадентер“, изјави Села.
Тој најави дека има свој предлог кој планира да го понуди пред јавноста и политичките фактори. Истакна дека е отворен за дискусија и дебата со сите оние кои размислуваат поинаку, но нагласи дека суштината е во системското решение.
Според Села, потребно е да се донесе закон кој самостојно ќе изгради цврсти механизми за функционирање, без притоа да има потреба од дополнителни гаранции од страна на политичарите.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

