23 октомври 2026
• од Темелко Тошев
Еврокомесарката за проширување Марта Кос порача дека Северна Македонија треба да ги усвои уставните измени за да продолжи евроинтегративниот процес. По средбата во Брисел со вицепремиерот и министер за европски прашања Беким Сали, таа оцени дека станува збор за клучниот преостанат чекор, пренесува Проверено.мк.
Кос ја повика Владата да ја исполни обврската и рече дека по усвојувањето на амандманите процесот ќе може да продолжи без дополнителни политички одлуки.
Таа посочи дека е поволен момент за напредок на Северна Македонија, откако и други земји од Западен Балкан бележат движење кон ЕУ. Кос го спомена напредокот на Албанија и изрази надеж дека наскоро ќе биде потпишан пристапниот договор со Црна Гора.
Според еврокомесарката, од политичарите во земјава зависи дали ќе ги исполнат очекувањата и ќе овозможат процесот да продолжи во интерес на граѓаните.
СДСМ предупредува на нови поскапувања на струјата и парното од Нова година
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

