23 октомври 2026
• од Никола Трајковски
Хрватска и Црна Гора постигнале напредок во разговорите за прашањата поврзани со логорот Мориње, но Загреб очекува продолжување на работата и за другите отворени теми, објави црногорскиот портал „Вијести“. Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ разговараше со црногорскиот премиер Милојко Спајиќ на маргините на самитот на Берлинскиот процес во Будва.
Пленковиќ рече дека Црна Гора треба да ги разгледа хрватските предлози, меѓу кои е и барањето за обесштетување на поранешните затвореници од логорот Мориње. Тој оцени дека е време да се направи напредок и во решавањето на граничното прашање, кое, според него, е во привремен режим веќе 24 години.
Хрватскиот премиер посочи дека Загреб ги поздравува одлуките на црногорската влада за преименување на објект во Котор и трајна заштита на спомен-плочата во Мориње. Тоа се две од осумте прашања што ги покренала Хрватска; за останатите шест, меѓу другото, се бара напредок во потрагата по исчезнатите, истрагите за воени злосторства, имотните прашања и статусот на бродот „Јадран“.
Пленковиќ нагласи дека Хрватска го поддржува пристапувањето на Црна Гора во Европската Унија и дека очекува дијалогот да продолжи. Отворените прашања, рече тој, се поврзани со европските вредности, владеењето на правото и добрососедските односи.
СДСМ предупредува на нови поскапувања на струјата и парното од Нова година
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

