02 март 2026
• од Гоце Кически
Претседателот на С. Македонија денес оствари телефонски разговор со претседателот на ОАЕ, шеикот Мохамед бин Зајед Ал Нахјан, во кој беа разменети ставови за актуелната безбедносна состојба во регионот по неодамнешните напади.
Во разговорот беше изразена искрена солидарност со народот на ОАЕ, како и најдлабоко сочувство до семејствата на жртвите. Претседателот нагласи дека нападите врз суверени држави и заканите кон цивилното население претставуваат грубо нарушување на меѓународното право и сериозна закана за регионалната и глобалната стабилност.
Северна Македонија, како членка на НАТО и стратешки партнер на САД, останува цврсто посветена на принципите на суверенитет и територијален интегритет. Во услови на растечка геополитичка неизвесност, беше истакната потребата од одговорно постапување, тесна координација со сојузниците и јасна определба за спречување на понатамошна ескалација на состојбата.
Во текот на разговорот, посебен акцент беше ставен на безбедноста на македонските државјани кои се наоѓаат во погодениот регион. Претседателот информираше дека надлежните институции се целосно мобилизирани, внимателно ја следат состојбата и се подготвени да обезбедат навремена помош, поддршка и евентуална асистенција доколку тоа биде потребно.
Соговорниците се согласија дека зачувувањето на стабилноста и мирот бара координиран меѓународен пристап и почитување на меѓународните норми. Северна Македонија, во контекст на своите стратешки интереси и сојузништва, ќе продолжи да дејствува принципиелно, внимателно и одговорно, во интерес на регионалната и глобалната безбедност.
ИДФ: Елиминирани лидери на „иранската терористичка оска“ во ескалација на конфликтот
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

