TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 ден
Купи сега
МАКЕДОНИЈА

Мизерни услови во касарните во Велес и Штип: Новопримени војници без греење и топла вода, појава на шуга и пневмонија

07 февруари 2026

• од Станча Јаќимовски

Новопримените професионални војници кои се сместени во касарните во Велес и Штип се соочуваат со исклучително лоши услови за престој, сведочат неколку од нив за јавноста. Според нивните искази, во касарните нема греење, топла вода, ниту основни хигиенски услови, а храната е, како што велат, мизерна.

Ситуацијата дополнително се влошила откако кај двајца војници била дијагностицирана шуга – заразна кожна болест која најчесто се поврзува со нехигиенски услови. Освен тоа, дел од војниците заболеле и од бронхитис и пневмонија.

„Двајца веќе ја напуштија обуката, но ние другите не можеме. Ако сакаш да заминеш, мораш да платиш 5.000 евра“, вели питомка од касарната во Велес. Таа сведочи дека поради ниските температури во објектите, војниците спијат облечени во униформи. „Јас добив бронхит, како и повеќето од нас. Греењето го пуштија дури пред неколку дена, и тоа само затоа што дојдоа старешини од НАТО. Да не беа тие, уште ќе мрзневме.“

Според неа, условите не се соодветни ниту на минимум стандарди: валкани постелнини и ќебиња, лоша хигиена и недоволна и неквалитетна храна. „Разбирам дека сме војска, но ова се повеќе од мизерни услови“, додава таа.

И во касарната во Штип состојбата не е многу поинаква. Таму, исто така, нема греење и топла вода, но војниците барем имаат вреќи за спиење. „Тие спијат во вреќи, за разлика од нас кои спиеме во униформи“, вели питомката од Велес.

Откако било утврдено дека двајца војници се заразени со шуга, на останатите не им било дозволено да заминат дома за викенд. „Замислете, во 21 век, во армија на земја членка на НАТО, касарни во кои добиваш шуга и пневмонија. И јас би си заминала, но немам 5.000 евра за да платам“, вели таа.

Случајот со заразените војници со шуга беше објавен и во вечерните вести на ТВ 24. Од Армијата за телевизијата изјавија дека се постапува согласно здравствените протоколи.

„По дијагностицирањето, војниците се изолирани и упатени на домашно лекување. Веднаш се преземени превентивни мерки за спречување на ширење на болеста. Спроведен е и епидемиолошки надзор од страна на Воено-медицинскиот центар. Пред приемот на професионалните војници биле обезбедени сите предуслови за сместување, престој, живот и работа во единицата“, велат од Армијата.

Сепак, сведоштвата од теренот отвораат сериозни прашања за реалните услови во кои престојуваат новопримените професионални војници и за степенот на грижа за нивното здравје и достоинство.

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
Последни вести
МАКЕДОНИЈА
07 февруари 2026

СДСМ: Како 5 тони дрога поминала граница и кој ќе одговара ако била незаконски произведена

МАКЕДОНИЈА
07 февруари 2026

С. Македонија меѓу земјите со најниска куповна моќ во Европа

СВЕТ
07 февруари 2026

Бугарија на чекор до членство во ОИСР

МАКЕДОНИЈА
07 февруари 2026

Ограбен сточар од Штип: Непознати лица украле 3 јагниња и 5 овци

МАКЕДОНИЈА
07 февруари 2026

Независниот синдикат на полицијата утре организира протестен марш во Битола поради закани кон полицајци

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
СВЕТ
07 февруари 2026

Бугарската компанија Bike Ventures гради најголем велопарк на Балканот во Пловдив

МАКЕДОНИЈА
07 февруари 2026

СДСМ по изборот на новиот ИК на ВМРО-ДПМНЕ: Наместо нови лица – стара банда

МАКЕДОНИЈА
07 февруари 2026

Проф. Андонов: Со 600 евра плата не може да се живее – тоа е срамота

МАКЕДОНИЈА
07 февруари 2026

СДСМ: Владата избра луксуз за функционерите наместо повисоки плати за работниците

СВЕТ
07 февруари 2026

Франција отвори конзулат во Гренланд – прв од Европската Унија

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
СВЕТ
07 февруари 2026

Нова кинеска автомобилска марка официјално влегува во Бугарија

МАКЕДОНИЈА
07 февруари 2026

Драгана Спасовска во подкаст: Бугарија ја сакам, Македонија ништо не ми даде

МАКЕДОНИЈА
07 февруари 2026

Максим Димитриевски: Задоволен сум од платата, бидејќи од платата не живеам

СВЕТ
07 февруари 2026

Бугарската фондова берза со силен старт по влезот во еврозоната

МАКЕДОНИЈА
07 февруари 2026

Неофицијално запленети 40 тони марихуана: Институциите без детали за истрагата

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
МАКЕДОНИЈА
07 февруари 2026

Заканувачите со убиство повикани на разговор во полиција

СВЕТ
07 февруари 2026

Бугарија Ер ги обновува сезонските летови на линијата Софија – Милано – Софија

МАКЕДОНИЈА
07 февруари 2026

Интензивната нега на државна Кардиологија со само 9 кревети: Аларм за загрозено јавно здравје

ДРУГО
07 февруари 2026

Денес 7 февруари 2026 година се празнува: Свети Григориј Богослов

МАКЕДОНИЈА
06 февруари 2026

Возило удри во 7-годишно девојче во Куманово, со тешки повреди пренесено на Клиника

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
МАКЕДОНИЈА
06 февруари 2026

ДУИ: Правосудниот испит мора да се полага и на албански јазик

МАКЕДОНИЈА
06 февруари 2026

Јаневска: Децата Роми се запишуваат на училиште, но често не го посетуваат или го напуштаат

МАКЕДОНИЈА
06 февруари 2026

Албанскиот амбасадор со поддршка за студентите што бараат испит на албански јазик

МАКЕДОНИЈА
06 февруари 2026

Тренчевска: Со ребаланс на Буџетот може да се обезбедат пари за минимална плата од 600 евра

МАКЕДОНИЈА
06 февруари 2026

Судир меѓу ВЛЕН и ЗНАМ во Владата околу полагањето на правосудниот испит на албански јазик

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
МАКЕДОНИЈА
06 февруари 2026

СДСМ: Нема одговор како 5 тони дрога поминале преку граница

МАКЕДОНИЈА
06 февруари 2026

Алиу: Компаниите за медицински канабис доставуваат извештаи, но контролата за изнесување дрога не е наша надлежност

СВЕТ
06 февруари 2026

Бугарскиот пратеник Герчев: Гоце Делчев го посвети животот на слободата на Бугарите во Македонија и Одринско

TEMU

Реклама

Ненадминливи Понуди Дневно

ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии

4.8 (10276 рецензии)


54 ден

206 ден
73% ПОПУСТ

Заштедете 152.00 ден

Купи сега