01 ноември 2026
• од Димитар Стојановски
Народниот правобранител ќе прима пријави за евентуални повреди на избирачкото право за време на вториот круг од предвремените избори за градоначалник на Брвеница. Подрачната канцеларија во Тетово ќе биде отворена од 7 до 19 часот.
Граѓаните ќе можат да поднесат пријава лично во канцеларијата или да се јават на телефонскиот број 044/344-082, објави Макфакс.
Од институцијата посочуваат дека ќе преземаат итни мерки за надлежните органи да постапат по пријавите. Избирачкото право е уставно загарантирано, а неговото попречување може да претставува казниво дело.
Во Брвеница до 15 часот гласале 1.515 граѓани повеќе отколку во првиот круг
Пријавена пресметка меѓу навивачи на МЗТ и Работнички кај „Јане Сандански“
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

