01 ноември 2026
• од Стефан Николов
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД имаат план за напад врз преостанатите ирански нуклеарни објекти, кој би можел да биде изведен за „десет минути“. Во исто време, тој рече дека Вашингтон и Техеран продолжуваат со разговорите, но изрази сомнеж дека Иран ќе се придржува до евентуален договор.
Трамп ги даде изјавите откако телефонски разговарал со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху. Според „Џерусалем пост“, САД и Израел ги засилиле воените подготовки во регионот, но не е јасно дали Вашингтон ќе нареди нов напад.
Во извештајот се наведува дека американските сили испратиле дополнителна опрема за противвоздушна одбрана на Блискиот Исток. Сепак, американски функционери и натаму велат дека дипломатски договор е претпочитана опција, а напад пред американските конгресни избори на 3 ноември се смета за малку веројатен, освен ако не се појави непосредна закана.
Дипломатските контакти и воените подготовки се одвиваат паралелно. Засега нема потврда дека е донесена одлука за продолжување на нападите врз Иран.
Пријавена пресметка меѓу навивачи на МЗТ и Работнички кај „Јане Сандански“
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

