29 октомври 2026
• од Димитар Стојановски
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, и европскиот комесар за одбрана и вселена, Андриус Кубилиус, разговарале за зајакнување на соработката меѓу НАТО и Европската Унија, подобрување на подготвеноста и продолжување на поддршката за Украина.
На средбата во седиштето на НАТО во Брисел, Кубилиус пред амбасадорите на Алијансата ги истакнал приоритетите за зголемување на одбранбеното производство и подобра воена подготвеност. Руте го поздравил напредокот во соработката за воената мобилност, односно побрзо движење на војници и опрема низ Европа. За тоа, покрај поедноставување на процедурите, потребна е и соодветна инфраструктура.
Руте ја поздравил и одлуката на ЕУ да овозможи заем за поддршка на Украина, кој ќе се користи преку механизмот на НАТО за приоритетните потреби на земјата. Преку него се обезбедува воена опрема, меѓу која и средства за противвоздушна одбрана.
НАТО и ЕУ продолжуваат да ги поврзуваат своите капацитети за заедничките безбедносни цели, соопшти Алијансата.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

