29 октомври 2026
• од Темелко Тошев
Затвореник од Битола, кој во моментот користел отсуство, бил приведен во Градско откако полицијата кај него пронашла четири вида сомнителни супстанции, соопштија властите.
Според „Скопје инфо“, 27-годишникот бил приведен синоќа во 21:10 часот. Тој издржувал затворска казна и бил на отсуство.
При прегледот биле одземени бела прашкаста и бела грутчеста материја, марихуана и таблети. Осомничениот бил спроведен во затворот во Скопје, а по документирањето на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

