29 октомври 2026
• од Гоце Кически
Новата дигитална лична карта во апликацијата „м.Услуги“ засега не може да се користи при полициска контрола. Граѓаните и понатаму мора да ја носат пластичната лична карта за идентификација.
Апликацијата овозможува пристап до електронски верзии на личната карта, возачката дозвола и дел од административните документи. Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, потврди дека полицијата сè уште нема технички систем за проверка на дигиталните документи.
За електронските документи да се користат во поширок обем, институциите ќе треба да ги приспособат своите системи. Потребни се и измени на правилата за употреба на личните документи, објави Рацин.мк.
Апликацијата е бесплатна и достапна за „Android“ и „iOS“, а нејзиното користење не е задолжително. Министерството најавува постепено додавање нови функции, меѓу кои електронско плаќање административни такси.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

