29 октомври 2026
• од Стефан Николов
Германија ја одби екстрадицијата на Викторија Зерзева во Северна Македонија, бидејќи судот оценил дека условите во македонските установи за притвор и затвор не ги исполнуваат барањата на Европската конвенција за човекови права. Одлуката се однесува на барањето таа да биде предадена на македонските власти, соопшти Министерството за правда.
Според одговорот што го добило Министерството, германскиот надлежен суд сметал дека не се обезбедени соодветни услови за нејзино сместување во притворската установа во Скопје, ниту во затворот „Идризово“ во случај на правосилна осудителна пресуда. Поради тоа, екстрадицијата била прогласена за недозволена.
Зерзева била лоцирана и уапсена во Германија, по што Северна Македонија побарала нејзина екстрадиција. Таа е осудена на пет години затвор за сообраќајната несреќа кај Росоман во 2024 година, во која загина едно лице. Пресудата е правосилна, објави „Сакам да кажам“.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

