29 октомври 2026
• од Никола Трајковски
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваната британска амбасадорка Маја Сивањанам.
На средбата таа истакна дека македонско-британското пријателство има длабоки историски корени и дека стратешкото партнерство создава можности за нови инвестиции во транспортот, енергетиката и здравството.
Сиљановска-Давкова посочи и на можностите за соработка во културата, науката и образованието, вклучително и преку програмите на Британскиот совет и стипендиите „Чивнинг“.
Таа ѝ посака на амбасадорката успех во извршувањето на дипломатската функција.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

