29 октомври 2026
• од Тодор Вангелов
Претседателката на Европската централна банка, Кристин Лагард, ќе се повлече од функцијата на 7 февруари 2027 година, околу девет месеци пред истекот на нејзиниот мандат. Банката соопшти дека процесот за избор на нејзин наследник ќе почне веднаш.
Лагард ја известила управата на банката и претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, за својата одлука. Не е наведена причина за нејзиното заминување, објави Еуроњуз.
Наследникот ќе го изберат лидерите на Европската Унија, по препорака од министрите за финансии и консултации со Европскиот парламент и управата на централната банка.
Лагард ја презеде функцијата во ноември 2019 година. Пред тоа беше министерка за финансии на Франција и раководителка на Меѓународниот монетарен фонд.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

