29 октомври 2026
• од Елена Иванова
Заменичката генерална секретарка на НАТО, Радмила Шекеринска, порача дека на Украина ѝ е итно потребна дополнителна воздушна одбрана за да го заштити своето небо од руските напади. Таа ја упати пораката на Безбедносниот форум во Киев, одржан во Брисел.
„Секој пресретнувач во нашите залихи е важен, но секој пресретнувач во рацете на украинските вооружени сили спасува животи, секој ден и секоја ноќ“, рече Шекеринска.
Според НАТО, преку иницијативата ПУРЛ и американската програма за воена продажба досега на Украина ѝ биле испорачани опрема и вооружување во вредност од 10 милијарди долари.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

