29 октомври 2026
• од Гоце Кически
Бугарските воздухопловни сили биле подготвени да кренат авиони Л-39 од базата во Балчик ако дроновите што нападнале трговски брод во Црното Море навлезеле во територијалните води на земјата. Премиерот Румен Радев соопшти дека потеклото на беспилотните летала сè уште се утврдува.
Според Радев, француски извидувачки авион ги забележал дроновите најмалку половина час пред нападот и ја известил екипажот на бродот. Бугарските власти ги споделиле снимките со сојузниците и вршат анализи за да утврдат од каде дошле леталата.
На 28 октомври три дрона го погодиле бродот „Контшип Џет“, на околу 16 наутички милји од нос Калиакра. Екипажот бил спасен, а бродот потонал следниот ден. Радев рече дека Бугарија ќе преземе дипломатски чекори ако истрагата утврди кој стои зад нападот.
Извор: Нова телевизија
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

