01 ноември 2026
• од Елена Иванова
Осум лица се приведени по полициска контрола во угостителски објект во Карпош, каде што биле затекнати малолетници во видно алкохолизирана состојба. Едно лице било пренесено на Клиниката за токсикологија, каде што му била укажана лекарска помош.
Според МАКФАКС, контролата била спроведена по сознанија дека во локалот се служи алкохол на малолетници. Алкотестирањето покажало присуство на алкохол кај сите осум приведени.
Од Министерството за внатрешни работи соопштиле дека по целосното документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава според член 204 од Кривичниот законик, кој се однесува на служење алкохолни пијалаци на малолетници.
Пријавена пресметка меѓу навивачи на МЗТ и Работнички кај „Јане Сандански“
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

