македонија07 септември 2024 Нови 25 заболени со голема кашлица, петмина хоспитализирани
Во периодот од 30.8 до 5.9.2024 година пријавени се 25 нови случаи на голема кашлица, за 47,1 % повеќе во споредба со претходниот седумдневен период (n=17).
Во однос на географската дистрибуција, повеќето од случаите се пријавени во Скопје (n=14; 56,0 %), а има и 5 случаи од Тетово, 3 од Кратово, 2 од Куманово и еден од Крива Паланка.
Возраста на заболените се движи од 1 месец до 60 години, а најголем број случаи се од возрасната група под 1 година (n=8; 32,0 %).
Во однос на вакциналниот статус на заболените, 18 лица се некомплетно вакцинирани, невакцинирани или имаат непознат вакцинален статус, 6 се комплетно вакцинирани и еден е вакциниран во согласност со возраста.
Од новите случаи (n=25), 5 (20,0 %) беа хоспитализирани.