01 февруари 2026
• од Станча Јаќимовски
Од денес официјално започнува примената на проектот „Безбеден град“, со кој автоматскиот систем за видео-надзор во сообраќајот преминува од фаза на предупредување во фаза на санкционирање. Ова го соопшти министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, нагласувајќи дека целта на системот не е казнување, туку зголемување на безбедноста во сообраќајот и спасување човечки животи.
„Нема повеќе да има предупредувања за оние што прават прекршоци – ќе се изрекуваат казни согласно системот што го имплементираме. Овој систем не е за репресија, туку за заштита на човечки животи, бидејќи човечкиот живот нема цена“, изјави Тошковски во гостување на РТВМ.
Министерот информираше дека од вчера е во сила нова регулатива со која се зголемува прагот на толеранција за брзина, по бројните реакции од јавноста во почетната фаза на проектот.
Според новите правила:
Регулативата е донесена во консултација со експерти, универзитетски професори и претставници на Министерството за енергетика и Министерството за внатрешни работи.
Во рамки на унапредувањето на сообраќајната безбедност, министерот најави и нов проект кој ќе се реализира со поддршка на Македонски Телеком.
За сите прекршоци направени во рамките на дозволената толеранција, граѓаните ќе добиваат СМС-пораки со предупредување, со кои ќе бидат информирани дека иако нема да бидат казнети, сепак ја надминале законски дозволената брзина.
„Целта е да се подигне свеста кај возачите, а не да се полни буџетот со казни“, истакна Тошковски.
Министерот предупреди дека толеранцијата не значи ослободување од одговорност во случај на сообраќајни несреќи со тешки последици.
„Ако, не дај Боже, некој вози со 55 km/h таму каде што е дозволено 50 km/h и притоа нанесе тешки телесни повреди на пешак, ќе сноси кривична одговорност“, порача Тошковски.
Проектот „Безбеден град“ има за цел намалување на бројот на сообраќајни несреќи, повредени и загинати лица, преку превенција, контрола и одговорно однесување во сообраќајот.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

