26 април 2026
• од Темелко Тошев
Познатиот хуманитарец и иницијатор на акцијата „Донирај компјутер“, Борче Стаменов, упати сериозен апел до јавноста и институциите по серијата инциденти во кои се вклучени млади лица. Преку емотивна и остра реакција, тој посочува дека однесувањето на дел од младите генерации излегува од контрола, а недостигот на одговорност води кон опасни последици.
Стаменов сподели лично сведоштво за група деца на возраст од 12 до 13 години, кои на електрични тротинети се движеле со балони полни со вода, подготвени за „забава“ која лесно може да заврши трагично.
„Прочитав дека вакви групи гаѓале луѓе во автомобили и на мотори. Еден возач бил погоден, се симнал и веројатно пресметката завршила со физички контакт. Но, тоа е ‘лесното’. Реалната опасност е некој да падне, да се убие и повеќе да не стане“, предупредува Стаменов.
Тој потсетува дека ова не се изолирани случаи, туку дел од поширок бран на девијантно однесување:
Правејќи паралела со минатото, Стаменов признава дека ниту претходните генерации не биле безгрешни, но клучната разлика ја гледа во авторитетот и надзорот.
Стаменов е дециден дека оправдувањата од типот „деца се де“ или „ќе помине“ само го продлабочуваат јазот. Тој смета дека родителскиот пристап во кој се верува дека секој проблем може да се „среди“ преку врски или затворање очи, директно влијае врз зголемувањето на малолетничката деликвенција.
„Не се сите деца исти, но трендот е загрижувачки. Ова е последен сигнал дека општеството мора да реагира пред да биде предоцна,“ заклучува тој.
Останува прашањето: Дали како заедница сме подготвени да ја повлечеме линијата и да воспоставиме систем во кој одговорноста ќе биде пред личниот комодитет?
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

