24 април 2026
• од Темелко Тошев
Две лица вработени во Основниот кривичен суд Скопје се приведени под сомнение за вмешаност во сериозни коруптивни дејствија и барање поткуп, дознава неофицијално „Прес24“. Според првичните информации, станува збор за разработена шема за изнуда на пари од странки во замена за ветувања за влијание врз судски одлуки.
Главниот осомничен во случајот е вработен како судски полицаец. Тој, според изворите, првично побарал 1.000 евра од странка вклучена во судски спор. За возврат, ветил дека парите ќе бидат искористени за „поткуп“ на судија во скопска Апелација, со цел да се издејствува пресуда во корист на странката.
Сепак, планот не одел по замисленото – предметот завршил со неповолен исход за оштетениот, по што случајот бил префрлен на одлучување во Врховниот суд.
Наместо да се повлече, осомничениот повторно стапил во контакт со оштетениот. Овојпат побарал дополнителни 500 евра, тврдејќи дека има моќ да влијае врз одлуката на врховните судии. Оштетениот наместо да плати, решил случајот да го пријави во Министерството за внатрешни работи.
По организирана полициска акција и договорена средба, судскиот полицаец бил фатен во моментот на примопредавање на обележани пари, по што веднаш е лишен од слобода.
Истрагата не застанала кај полицаецот. По вештачење на неговиот мобилен телефон, биле пронајдени докази за интензивна комуникација која открива соучесништво.
Надлежниот суд веќе донел одлуки за обезбедување на присутството на осомничените:
Истражните органи работат на целосно расчистување на случајот и проверка дали во оваа коруптивна мрежа се вклучени и други лица од судската администрација или судии. Засега, овие информации се уште немаат официјална потврда од Министерството за внатрешни работи или Јавното обвинителство.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

