23 април 2026
• од Темелко Тошев
„Поминаа месеци во молк, но документите не лажат. Власта на Мицкоски се обидува да ја дефокусира јавноста со нови закони во Парламентот, само за граѓаните да не погледнат во министерските фотелји каде седат луѓе со бугарска самосвест“ – изјавува Андреј Жерновски.
Во својата последна реакција, Жерновски упатува остра критика до актуелната власт, нарекувајќи ги нивните патриотски иницијативи „евтин параван“ за прикривање на личните интереси и сомнителни државјанства.
Според Жерновски, новиот предлог-закон со кој на пратениците им се забранува двојно државјанство е чиста манипулација.
„На 'генијалците' им текна дека кога ја тераат јавноста да гледа кон Собранието, со тоа всушност порачуваат: НЕ ГЛЕДАЈТЕ ВО ВЛАДАТА! Зошто? Затоа што таму врие од Бугари, од пробугари и од луѓе кои потпишале дека Гоце Делчев е Бугарин само за да добијат пасош,“ вели Жерновски.
Жерновски директно ги прозива првите луѓе на извршната власт за нивниот повеќемесечен молк:
„Нашите 'комити', кои се најгласни антибугари во јавноста, во фиоките ги чуваат документите за бугарско потекло. Тоа не е само комично, тоа е трагично за државата,“ дециден е Жерновски.
Тој завршува со предупредување дека вистината не може долго да се крие: „Гласините велат, а јас имам чувство, дека наведените документи наскоро ќе се појават во јавноста. Тогаш ќе видиме кој навистина го штити македонскиот идентитет, а кој само тргувал со него.“
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

