22 април 2026
• од Тодор Вангелов
Канцеларот на Австрија, Кристијан Штокер, денеска во Виена го пречека премиерот на Северна Македонија, Христијан Мицкоски, нагласувајќи дека односите меѓу двете земји се силни и се темелат на економска, политичка и културна соработка.
„Северна Македонија е близок партнер на Австрија, но и важен сојузник во справувањето со нелегалната миграција“, истакна Штокер по средбата, додавајќи дека актуелните геополитички предизвици не ја одминуваат ниту земјата.
Во својата изјава, австрискиот канцелар посебно се осврна на процесот на проширување на Европската Унија, оценувајќи го како „најсилниот и најефективен инструмент за мир, безбедност и просперитет“.
„Државите од Западен Балкан се недостасувачките делови во европскиот мозаик. Но, за да се оствари тој процес, сите вклучени страни мора да ги исполнат своите задачи“, нагласи Штокер.
Во тој контекст, тој индиректно упати на обврските што произлегуваат од европската агенда на Северна Македонија, вклучително и уставните измени – меѓу кои и вклучувањето на Бугарите во Уставот, што претставува еден од условите за напредок во преговорите со Европската Унија.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

