22 април 2026
• од Гоце Кически
Демократската унија за интеграција (ДУИ) денеска упати сериозни критики до Владата предводена од премиерот Христијан Мицкоски, квалификувајќи ја како власт која директно работи против стратешките интереси на државата, економскиот стандард на граѓаните и меѓуетничката кохезија.
Од партијата соопштуваат дека за само една година, актуелниот владин состав успеал да ја „уништи економијата“ и да го блокира европскиот пат на Северна Македонија.
Според ДУИ, економската состојба во земјата е алармантна. Наместо ветените повисоки плати и економски процут, партијата посочува на драстичен пад на животниот стандард.
„Ветувањата за плата од 1.000 евра и рекордни инвестиции се претворија во економска неизвесност за граѓаните,“ се вели во соопштението.
Партијата изрази загриженост за застојот во евроинтеграциите, нагласувајќи дека земјата останува осамена додека соседите напредуваат.
Во соопштението посебен фокус е ставен на позицијата на Албанците и улогата на коалицијата ВЛЕН во власта. ДУИ тврди дека правата на Албанците се систематски нападнати, а Охридскиот рамковен договор и употребата на јазикот се доведени во прашање.
Од партијата заклучуваат дека оваа Влада нема легитимитет да продолжи да ја води земјата поради нејзината, како што велат, „неспособност, антиалбанска и антиевропска ориентација“. Тие бараат итна политичка одговорност за состојбите во кои се наоѓа државата.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

