21 април 2026
• од Темелко Тошев
Во Основниот кривичен суд денеска продолжи судењето за наводните злоупотреби при изградбата на објектот за Театарот и Библиотеката во Тетово. Клучниот момент од денешното рочиште беше исказот на претставникот на Министерството за култура, кој истакна дека институцијата не констатирала финансиска загуба во овој проект.
Претставникот на Министерството за култура, Владимир Поповски, пред судот изјави дека ресорното министерство нема направено сопствена експертиза и во овој момент не поднесува барање за отштета.
Според него, фокусот на министерството е ставен исклучиво на начинот на кој се спроведувале процедурите. Поповски потврди дека сите досегашни плаќања кон изведувачите биле реализирани согласно потпишаните ситуации и анекс-договорите, со што дополнително се става под знак прашање тезата за директна финансиска штета врз буџетот.
Во рамките на доказната постапка сведочеа и три лица од областа на економијата и градежништвото: Билјана Гиговска, Лилјана Ковачевска и Антон Кајтази. Нивните наоди во голема мера одеа во прилог на одбраната:
И покрај ваквите искази на вештаците, поради очигледните контрадикторности помеѓу обвинението поднесено од обвинителството и наодите на ангажираните експерти, Судот донесе одлука за нова суперекспертиза. Оваа анализа ќе биде извршена од нов тим на стручни лица избрани од официјалната листа на вештаци.
За што се теретат обвинетите? Во овој случај се обвинети четири лица: поранешниот директор Хаки Фазлиу, одговорниот на комисијата за набавки Артан Арслани, инженерот Бајрам Муча и сопственикот на компанијата „УПЦ“, Сејди Шасивари. Тие се сомничат за злоупотреба на службената положба и несовесно работење, поврзани со проект вреден околу 13 милиони евра.
Следното рочиште е закажано за 1 јуни, кога се очекува новите вештачења да фрлат дополнителна светлина врз овој комплексен случај кој со години го бранува тетовскиот регион.
Фон дер Лајен му честиташе на Радев: „Бугарија е горд член на европското семејство“
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

