19 април 2026
• од Темелко Тошев
Потпретседателката на СДСМ, Јована Тренчевска, во гостувањето во дебатната емисија „Бизнис 21“, упати остри критики до актуелната извршна власт, обвинувајќи ја за целосна негрижа кон влошениот животен стандард на граѓаните. Според неа, официјалните податоци ја потврдуваат негативната спирала на ценовни шокови кои директно го удираат џебот на обичниот граѓанин.
Тренчевска се повика на најновите извештаи од Парламентарниот институт, кои покажуваат двоцифрен раст кај клучните прехранбени категории.
„Тоа што го зборувавме, излезе дека е така. Спиралата за постојано покачување на цените на основните производи се случува пред наши очи. Податоците се неумоливи,“ истакна таа, наведувајќи ги следните поскапувања:
Според Тренчевска, тврдењата на Владата дека трговците самите ги намалиле маржите се „небулоза“ која не соодветствува со реалноста во маркетите.
Потпретседателката на СДСМ потсети дека граѓаните биле оставени без никаква поддршка во пресрет на Велигденските празници. Таа посочи дека цените станале недостижни за оние со минимална плата: јагнешкото месо достигна 700 денари, маслото за јадење 100 денари, а табла јајца дури 309 денари.
„Она што претходно се купуваше за 1.000 денари, сега чини над 1.500 денари. Власта живее во некој друг свет, изолирана од секојдневието на обичниот човек чија куповна моќ е сериозно намалена,“ додаде Тренчевска.
Тренчевска се осврна и на препораките од мисијата на ММФ, нагласувајќи дека владините мерки во изминатите 50 дена се нетаргетирани и неефикасни.
Наспроти ова, таа потсети на пакетот антикризни мерки од 409 милиони евра донесен во 2022 година од страна на СДСМ, кој даде конкретни резултати во стабилизирање на цените на горивата и храната.
На крајот од своето излагање, Тренчевска упати директно политичко обвинување до ВМРО-ДПМНЕ, тврдејќи дека партијата е под контрола на бизнис центрите на моќ.
„ВМРО не носи мерки во интерес на народот. Најверојатно нивните газди — коморите — не им дозволуваат да се намалат маржите и ДДВ-то на основните производи. Владата постапува онака како што ќе ѝ кажат коморите, а цехот го плаќаат граѓаните,“ заклучи Тренчевска.
СДСМ уште еднаш апелираше за итно прифаќање на нивните предлози: 0% ДДВ за храната, 5% ДДВ за енергенсите и намалување на патарините како мерки за итно ублажување на кризата.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

