18 април 2026
• од Темелко Тошев
Екс-премиерот упати остри критики до „лажните патриоти“ по скандалозните преименувања на македонските историски дејци и организации од страна на српски претставници среде Македонија.
Поранешниот премиер и лидер на ВМРО-Народна партија, Љубчо Георгиевски, преку јавна објава упати сериозни обвинувања за молк и лицемерие во македонското општество. Според него, борбата против наводната бугаризација добива „комична страна“ кога навредите кон македонската историја доаѓаат од северниот сосед, а на тоа никој не реагира.
Георгиевски посочува на апсурдни ситуации каде директно се напаѓа македонскиот идентитет и историски континуитет, но овојпат без вообичаената хистерија која следува кога провокациите доаѓаат од Софија.
„Борбата против бугаризацијата има и своја комична страна кога:
- Србите ги нарекуваат Гоце Делчев и Даме Груев бугарски агенти.
- Србите ја нарекуваат ВМРО бугарска терористичка организација.
- Србите во сред Македонија цели области ги нарекуваат бугарашки.“
Тој потсетува дека вакви инциденти неодамна се случија во Валандово, претходно во охридско Рамне, како и на речиси сите прослави посветени на, како што велат српските претставници, „ослободувањето на Стара Србија“.
Она што најмногу го иритира Георгиевски е отсуството на реакција од оние кои вообичаено се на првата линија на „одбрана“ од бугаризацијата.
Оваа реакција доаѓа само неколку дена откако ВМРО-Народна упати жестоки критики до актуелната Влада за начинот на кој беше одбележан историски настан во Валандово за време на предвелигденските празници.
Според партијата, таму се случило следново:
Најскандалозниот дел, според соопштението, се говорите на српските претставници кои историската ВМРО (предводена од Петар Чаулев и Павел Шатев) ја нарекле „бугарска терористичка организација“, додека локалното население од струмичко-валандовскиот крај било нарекувано „Бугари“.
Од ВМРО-НП обвинуваат за целосен поданички однос кон великосрпската политика и свесно премолчување на директните навреди кон македонската национална историја.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

