20 април 2026
• од Темелко Тошев
Бездомните кучиња станаа вистински кошмар за жителите на Куманово. Ги има насекаде – на градските тротоари, во строгиот центар, па дури и во дворот на Општата болница. Парадоксот е во тоа што, откако граѓаните ќе бидат нападнати на улица, честопати се соочуваат со истите глутници и пред влезот на Итната помош каде што дошле да побараат спас.
Граѓаните се очајни и бараат итно решение за овој долгогодишен проблем. Сведоштвата на кумановци го отсликуваат стравот со кој се соочуваат секојдневно:
Медицинскиот персонал и пациентите не се поштедени. Сашо Стојчевски, директор на болницата, информира дека за само три и пол месеци, дури 37 пациенти побарале лекарска помош поради каснување од куче.
Бленд Алиу, одговорен во одделението за Итна помош, вели дека кучињата се сериозна закана и за вработените:
„Имаме сериозен проблем со кучињата скитници кои се движат околу болничкиот двор. Пред само неколку минути беше нападнат член на нашиот персонал. Ова е веќе неиздржливо.“
Од Општина Куманово велат дека немаат магично решение. Според нив, законот ги обврзува кучињата по заловувањето и третманот повторно да се вратат на улица.
Бобан Бојковски, инспектор за животна средина, појаснува:
Додека се чека системско решение, цената ја плаќаат граѓаните, но и општинската каса. Само во 2025 година, Општина Куманово исплатила околу 65.000 евра како отштета за граѓани каснати од бездомни кучиња – средства кои наместо во инфраструктура или развој, завршуваат за покривање на последиците од овој горлив проблем.
Костадинов по изборите: Продолжуваме да се бориме за слободна и независна Бугарија!
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

