21 април 2026
• од Темелко Тошев
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска упати честитка до бугарскиот претседател Румен Радев по повод резултатите од парламентарните избори во Бугарија. Гаши изрази надеж дека овој изборен циклус конечно ќе донесе стабилна политичка влада во Софија, што е клучен предуслов за надминување на билатералните спорови.
Според спикерот Гаши, за Македонија е од исклучителна важност да има соодветен и стабилен соговорник од другата страна, со цел да се интензивираат разговорите за деблокада на евроинтеграцискиот пат.
„Нормално е дека за нас како држава е корисно да имаме стабилна политичка влада во Софија, за да можеме да ги затвориме отворените прашања. Оваа Влада уште од почетокот има јасен завет дека европскиот пат е дел од нашата агенда и наш приоритет“, истакна Гаши.
Гаши потенцираше дека стратешката цел на земјата останува членството во Европската Унија, но дека за решавање на веќе добро познатите дилеми е потребен партнер со полн политички легитимитет во соседна Бугарија.
„Дилемите кои веќе се јасни, требаше да ги решаваме заедно со политичка влада во Бугарија“, додаде тој, нагласувајќи дека во изминатиот период токму институционалната нестабилност кај соседот беше една од пречките за посериозен напредок.
Фон дер Лајен му честиташе на Радев: „Бугарија е горд член на европското семејство“
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

