21 април 2026
• од Темелко Тошев
Членовите на собраниската Комисија за политички систем денеска го разгледуваат Годишниот извештај за работата на Меѓуресорската комисија за извршување на одлуките на Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) за 2024 година. Извештајот открива поразителни бројки: државата во текот на изминатата година исплатила рекордни 2.191.889 евра по пресуди и спогодби, што е највисока сума во последната деценија.
Македонија во моментов е под засилен надзор на Комитетот на министри во Стразбур за вкупно 31 предмет. Само во 2024 година се отворени 16 нови предмети, од кои дури 7 се означени како „водечки“, што е јасен сигнал за сериозни системски дефекти во државата.
Меѓу најкритичните случаи кои чекаат извршување повеќе од пет години се:
Клучна пречка за затворање на овие предмети е Собранието, кое веќе две години се соочува со потешкотии при усвојувањето на потребните законски измени.
Во фокусот на денешната дискусија е и пресудата за апликантката Митревска, на која македонските институции и судови ѝ го скратија правото да дознае информации за своето биолошко потекло и медицинска историја под изговор на „службена тајна“. ЕСЧП пресуди дека државата не смее да ја користи административната тајност на штета на здравјето и приватниот живот на граѓаните.
Бирото за застапување пред Стразбур во текот на 2024 година работело на 44 нови барања, меѓу кои и оние на поранешните претседатели на судови Владимир Панчевски и Лидија Неделкова, како и политичарите Никола Груевски, Миле Јанакиески и Владимир Талевски, кои се жалат на повреда на правото за правично судење.
Додека пратениците дебатираат за минатогодишните пропусти, веќе е во подготовка извештајот за 2025 година, за кој се очекува да покаже дали државата конечно научила како да ги спречи овие скапи правни порази.
Фон дер Лајен му честиташе на Радев: „Бугарија е горд член на европското семејство“
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

