23 април 2026
• од Темелко Тошев
Здравјето на граѓаните во Крива Паланка не смее да биде загрозено поради бизнис интересите на актуелната власт, порача денеска претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на прес-конференција во Собранието. Тој упати сериозни обвинувања кон владејачката гарнитура, тврдејќи дека профитот и партиските донации се ставаат пред благосостојбата на локалното население.
Филипче потенцираше дека јавноста мора да ја дознае вистината за плановите за рудникот во кривопаланечкиот регион. Според неговите информации, зад овој проект стојат директни врски со владејачката партија.
„Граѓаните имаат право да знаат дека еден од потписниците на договорите за користење на рудникот е донатор на ВМРО-ДПМНЕ. Сè досега што гледаме е поврзано со бизнис интересите на премиерот и на оваа владејачка гарнитура. Тоа веќе не е тајна, информациите излегуваат секојдневно“, изјави Филипче.
Претседателот на СДСМ го повика градоначалникот на Крива Паланка да даде објаснување за, како што рече, „двојните аршини“ и нетранспарентното постапување.
„Каква врска има во какви односи сум јас лично? Градоначалникот треба да објасни зошто се форсира проект за кој гледаме дека е мотивиран од бизнис интереси на ВМРО-ДПМНЕ“, додаде тој.
Главната порака на СДСМ е дека вакви стратешки проекти, кои можат да имаат долготрајни последици врз екологијата, не смеат да се носат зад затворени врати. Филипче побара задолжително консултирање со локалната заедница.
Клучните барања на СДСМ:
„Нема да дозволиме здравјето на граѓаните да биде ставено во втор план. Што треба, да дозволиме рудник без да се прашаат граѓаните? Секој градоначалник, без разлика на партијата, има обврска прво да ги праша луѓето што мислат. Финансискиот интерес на оваа корумпирана власт не смее да биде над животот“, заклучи Филипче.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

