24 април 2026
• од Темелко Тошев
Додека Државниот завод за статистика (ДЗС) бомбардира со бројки за постојан раст на платите, реалноста на терен за македонскиот работник е поразителна. Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), Слободан Трендафилов, преку социјалните мрежи објави шокантни податоци кои ја демистифицираат фамозната „просечна плата“.
Според анализата на Трендафилов за 2025 година, бројот на работници кои во текот на месецот примиле плата во висина на државниот просек е речиси невидлив. Податоците по месеци изгледаат вака:
Вкупниот биланс: Во цела 2025 година, само 46 работници во Македонија примиле плата во точниот износ на просекот. Ова потврдува дека просекот е само статистичка средина меѓу енормно високите менаџерски плати и минималните примања на мнозинството.
Државниот завод за статистика објави дека просечната нето-плата за февруари изнесувала 46.159 денари, што е за 7,2% повеќе во споредба со истиот месец лани. Но, дали овој раст е доволен за достоинствен живот?
Синдикалните пресметки велат – НЕ.
Една просечна плата покрива само 67% од Синдикалната минимална кошница, која за истиот период изнесува 68.797 денари.
Ова значи дека дури и оние ретки среќници кои го достигнуваат државниот просек, не можат да ги покријат основните месечни потреби на едно четиричлено семејство. За останатите, чии примања се далеку под овој износ, преживувањето станува математичка невозможна мисија.
Прашањето на Трендафилов е реторичко, но болно директно. Сликата која кружи на социјалните мрежи (двајца луѓе на маса, каде едниот го јаде целото месо, а другиот само празната чинија) е најдобрата дефиниција за „просекот“ во Македонија.
Додека функционерите се фалат со проценти на раст, работниците бараат реални покачувања кои ќе ја стигнат инфлацијата и ќе овозможат барем една просечна плата да биде доволна за една потрошувачка кошница.
Борбата за достоинствена плата не е избор, туку неопходност!
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

