македонија11 септември 2024 Приведен дилер од тетовско за издржување казна затвор од четири години
Вчера во 16.45 часот во угостителски објект на улица „Илинденска“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го привеле Ј.И.(47) од тетовска Голема Речица. Тој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување на затворска казна во траење од четири години за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ по член 215 од Кривичниот законик.
Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Идризово во Скопје за издржување на казната, информираат од МВР.